Политика за приватност

Заштита на личните податоци
Политика за приватност

Здружението на граѓани „Евангелие за секој дом“ во согласност со законот за заштита на личните при обработка на личните податоци дејствува во својство на контролор на личните податоци. Во таа насока заштита на приватноста и личните податоци претставува приоритет во нашето работење, при што Здружението на граѓани „Евангелие за секој дом“ ги презема соодветни мерки за имплементирање на начелата за заштита на личните податоци. 

Со цел трансапрентна и законска обработка на личните податоци, Здружението на граѓани „Евангелие за секој дом“ ја подготви и оваа Политика за приватност со која Ве информираме за природата, обемот и целта за која ги собираме, користиме и обработуваме Вашите лични податоци, за начинот на кој ги штитиме Вашите лични податоци, како и за Вашите права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци.

Нашите податоци:

Контролор:
Здружение на граѓани „Евангелие за секој дом“ – Скопје
Поштенски фах 698, 1001 Скопје
info@sekojdom.mk

Нашиот координатор за заштита на личните податоци

 Диме Наков info@sekojdom.mk

  • Секој посетител на оваа веб страница, може во секое време директно да контактира со нашиот координатор за заштита на лични податоци за какви било прашања и предлози во врска со заштитата на личните податоци.

Дефиниции


Лични податоци
Под личен податок се подразбира секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет.

Субјект на личните податоци
Субјект на личните податоци е идентификувано или физичко лице кое може да се идентификува, чии лични податоци ги обработува контролорот одговорен за обработка на личните податоци.

Обработка на личните податоци
Обработка на личните податоци е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.

Контролор
Контролор е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување.

Обработувач
Обработувач е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.

Согласност
Согласност на субјектот е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјава на волја, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци. Кога вашите лични податоци се обработуваат врз основа на вашата согласност, вие имате право секое време да ја повлечете вашата согласност и ние ќе престанеме со обработка на вашите лични податоци.

Субјекти на лични податоци
Здружението на граѓани „Евангелие за секој дом“ ги обработува личните податоци на следниве категории на субјекти:

  • Вработени во Здружението на граѓани „Евангелие за секој дом“
  • Членови на надзорен одбор на Здружението на граѓани „Евангелие за секој дом“
  • Надворешни соработници
  • Учесници на обуки/семинари/конференции

Категории на лични податоци
За наведените субјекти на лични податоци Здружението на граѓани „Евангелие за секој дом“ ги обработува следниве категории на лични податоци:

Вработени во Здружението на граѓани „Евангелие за секој дом“

  • За цели на исполнување на договорни обврски и врз основа на Законот за евиденциите од областа на трудот, Здружението на граѓани „Евангелие за секој дом“ за своите вработени обработува:
    • Име и презиме, адреса на живеење, ЕМБГ, ден, месец, година раѓање, степен и вид на завршено образование, работно време, боледувања, одмори, податоци за плата, транскациска сметка.
  •  Податоците за вработените ги чува 45 години согласно Законот за евиденции од областа на трудот.


Членови на надзорен одбор на Здружението на граѓани „Евангелие за секој дом“

  • За целите на исполнување на законските обврски кои произлегуваат од Законот за здруженија и фондации, Здружението на граѓани „Евангелие за секој дом“ води евиденција на надзорен одбор на Здружението на граѓани „Евангелие за секој дом“, каде се обработуваат личните податоци на членовите на надзорниот одбор Здружението на граѓани „Евангелие за секој дом“ како и членовите на Здружението на граѓани „Евангелие за секој дом“. За своите членови и членови на органи, Здружението на граѓани „Евангелие за секој дом“ ги обработува следниве лични податоци:
    • Име и презиме, датум на пристапување, датум на раѓање, адреса, податоци за образование, работно место, е-маил, телефонски број.
  • Податоците за членовите се чуваат 10 години од денот на престанокот на членството во организацијата.


Надворешни соработници

  • За извршување на различни активности од својот делокруг, Здружението на граѓани „Евангелие за секој дом“ ангажира различни профили на надворешни соработници (консултантни, обучувачи, преведувачи…), чии лични податоци ги обработуваме за цели на исполнување на договорни обврски. За надворшените соработници, Здружението на граѓани „Евангелие за секој дом“ ги обработува следниве лични податоци:
    • Име и презиме, ЕМБГ, адреса на живеење, број на лична карта, трансакциска сметка
  • Податоците за надворешните оработници се чуваат 15 години од денот на извршување на договорот за услуги за целите на ревизии на проектите и активностите на организацијата.


Учесници на обуки/семинари/конференции

  • Здружението на граѓани „Евангелие за секој дом“ во рамки на своите активности организира различни семинари, обуки, конференции при што за цели на организирање на активностите и известување до нашите донатори, ги обработуваме следниве лични податоци:
    • Име и презиме, организација и институција, е-маил и потпис
  • Податоците за учесниците на обуки се чуваат 15 години од денот на оддржување за целите на ревизии на проектите и активностите на организацијата.


Интегритет и доверливост на личните податоци
Здружението на граѓани „Евангелие за секој дом“ презема соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци што се собираат преку оваа веб страница од неовластен пристап, незаконско откривање и уништување на податоците. Пристапот до личните податоци е ограничен само на лицата кои се посебно овластени за тоа.

Собирање на општи податоци и информации
Нашата веб страница собира низа општи податоци и информации кога пристапувате до неа. Овие општи податоци и информации се зачувани во лог фајловите (датотеките) на серверот. Собраните податоци и информации може да се однесуваат на (1) видот на веб пребарувачот и користените верзии, (2) оперативниот систем што го користи системот за пристап, (3) веб страницата од која системот за пристап пристапува до нашата веб страница, (4) датумот и времето на пристап до веб страницата, (5) адресата на Интернет протоколот (IP адресата), (6) давателот на Интернет услуги на системот за пристап и (7) други слични информации што можат да се користат во случај на напад врз нашиот информациски систем.

При користење на овие општи податоци и информации, не донесуваме заклучоци за корисникот. Наместо тоа, овие информации ни се потребни за (1) правилно да ја испорачаме содржината на нашата веб страница, (2) да ја оптимизираме содржината на нашата веб страница, (3) да обезбедиме долгорочна одржливост на нашиот информациски систем и технологијата на веб страницата, и (4) да им ги дадеме на органите за спроведување на законот информациите потребни за гонење во случај на сајбер-напад. Затоа, анонимно анализираме и собираме статистички податоци со цел да обезбедиме оптимално ниво на заштита на личните податоци што ги обработуваме. Анонимните податоци од лог фајловите (датотеките) на серверите се зачувуваат одделно од Вашите лични податоци.

Рокови за чување
Податоците кои се собираат врз основа на вашата согласност се обработуваат се до повлекување на вашата согласност или исполнување на целите за собирање на податоците. Податоците кои се обработуваат врз основа на исполнување на законска обврска се чуваат во рамки на законските дадени рокови. По исполнување на целите податоците се уништуваат во согласност со материјалните и архивските прописи.

Пренос на лични податоци
Податоците за извршени активности во Здружението на граѓани „Евангелие за секој дом“ за цели на известување и ревизија се доставуваат до меѓународните организации, донатори на нашата организација.

Споделување  на податоци со трети страни
Здружението на граѓани „Евангелие за секој дом“ за дел од своите активности ангажира различни компании и поединци за извршување на стручни услуги и врз основа на законот за заштита на личните податоци овие лица дејствуваат во својство на обработувач. Обработувач согласно законот за заштита на личните податоци е секое лице кое во име и за сметка на Здружението на граѓани „Евангелие за секој дом“ ги обработува личните податоци кои ги обработува Здружението на граѓани „Евангелие за секој дом“.

Вашите права
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор


За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате овластеното лице за заштита на личните податоци.

Вашето право за поднесување на барање до надлежниот орган.

Доколку сметате дека организацијата при обработка на Вашите лични податоци ги повредува одредбите од ЗЗЛП, имате право да поднесете барање до надзорниот орган Агенција за заштита на личните податоци.