Молитвена мапа

Молитвена мапа

Што е молитвена мапа?

Молитвената мапа е иницијатива на Здружение на граѓани „Евангелие за секој дом“ како повик до верниците за посветена молитва за нашата земја. Оваа мапа служи како водич за неделна молитва при што секој ден има три различни нешта за молитва. На пример, за домовите во секој регион на Македонија, и за две други работи кои се многу важни за ширење на Евангелието. Штом ќе се отвори мапата, се погледнува денешниот ден и се молиме за тие нешта. Сакаме да се умножат молитвите и застапувањата за спасение на нашиот народ и напредок на Божјото Царство во Македонија.

Молитвена мапа на Македонија

МАКЕДОНИЈА – Население 1.836.713 жители, 80 општини, 34 градови, 1.749 села, 598.632 домови.

СКОПСКИ РЕГИОН

17 општини, 197.839 домови Град Скопје (Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар, Чаир, Сарај, Шуто Оризари), Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец, Сопиште, Студеничани, Чучер-Сандево.

ПОЛОШКИ РЕГИОН

9 општини, 81.987 домови Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Гостивар, Желино, Јегуновце, Маврово и Ростуше, Тетово, Теарце.

ПЕЛАГОНИСКИ РЕГИОН

9 општини, 68.584 домови Битола, Демир Хисар, Долнени, Прилеп, Кривогаштани, Крушево, Могила, Новаци, Ресен.

ЈУГОЗАПАДЕН РЕГИОН

9 општини, 57.819 домови Дебар, Дебарца, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга, Центар Жупа, Вевчани.

СЕВЕРОИСТОЧЕН РЕГИОН

6 општини, 49.861 домови Кратово, Крива Паланка, Куманово, Липково, Ранковце, Старо Нагоричане.

ИСТОЧЕН РЕГИОН

11 општини, 48.965 домови Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Штип, Чешиново-Облешево.

ЈУГОИСТОЧЕН РЕГИОН

10 општини, 48.363 домови Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш, Струмица.

ВАРДАРСКИ РЕГИОН

9 општини, 45.214 домови Велес, Градско, Демир Капија, Кавадарци, Лозово, Неготино, Росоман, Свети Николе, Чашка.

Напомена: податоците се според пописот од 2021 година.

Распоред за неделна молитва

Бидете постојани во молитвата

Бидете истрајни во молитвата, бдејте во неа со благодарност! Молете се, исто така, и за нас, за да ни ја отвори Бог вратата на проповедта, за да ја разгласуваме Христовата тајна. – Колошаните 4:2,3

Им рече: „Има голема жетва за собирање, а работници има малку. Затоа, молете Го Господарот на жетвата да испрати работници на Својата нива. – Лука 10:2

Како можеме да се молиме за Вас?

Испратете ни го вашето барање за молитва.
За да го поднесете вашето барање преку интернет, ве молиме пополнете го формуларот подолу.