Спасението е дар од Бог, не е награда за добри дела.
Тоа е духовно раѓање преку вера во Христос. Се раѓаме за нов живот со Бог, а не само за нови навики.
„Вистина, вистина ти велам: ако не се роди некој повторно, не може да го види Божјото царство.“ (Јован 3:3)
Бог не е автор на злото. Тој му дал на човекот слободна волја, а преку страдањето често го обликува нашиот карактер и не приближува кон Себе.
„И знаеме дека на оние што Го љубат Бога, сè им помага за добро.“ (Римјаните 8:28)
Не. Исус е единствениот пат до Бог, затоа што само Тој умрел за нашите гревови и воскреснал.
„Јас сум патот, вистината и животот; никој не доаѓа кај Отецот, освен преку Мене.“ (Јован 14:6)
Да! Без разлика колку голем ти изгледа гревот, Христовата жртва е доволна за сите.
„Ако ги исповедаме нашите гревови, Тој е верен и праведен да ни ги прости гревовите и да нè очисти од секоја неправда.“ (1 Јованово 1:9)
Ако си Му го предал својот живот на Христос и Му веруваш, можеш да бидеш сигурен во Неговото ветување.
„Ова ви го напишав вам што верувате во името на Синот Божји, за да знаете дека имате вечен живот.“ (1 Јованово 5:13)
Преку Библијата Бог ни зборува, ни покажува како да живееме и нè охрабрува.
„Секое писмо е боговдахновено и полезно за поука, за изобличување, за поправање, за воспитување во праведност.“ (2 Тимотеј 3:16)
Да! Љубовта на Бог е најсилна вистина во Библијата.
„Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, за ниеден што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот.“ (Јован 3:16)
Не се откажувај. Покај се и врати се кон Бог – Тој е верен да прости.
„Паднал ли праведникот седумпати, пак ќе стане.“ (Изреки 24:16)
Со редовна молитва, читање на Библијата, заедништво со верници и послушност кон Бог.
„Како новородени деца, пожелувајте го чистото духовно млеко за преку него да пораснете во спасението.“ (1 Петар 2:2)
Со љубов и едноставност, раскажувајќи што направил Бог во твојот живот.
„Бидете секогаш подготвени да одговорите на секого што ќе ве праша за причината на вашата надеж.“ (1 Петар 3:15)
Правилната црква не се познава по името или традицијата, туку по тоа што го следи Христос, ја проповеда вистината на Евангелието и живее според неа. Тоа е заедница на верници кои се стремат кон свет живот, вистинско заедништво, љубов кон ближните и добри дела што произлегуваат од верата.
„Тие беа постојани во поуката на апостолите, во заедништвото, во прекршувањето на лебот и во молитвите.“ (Дела 2:42)
Затоа што е разговор со Бог. Преку неа расте нашата вера и доверба.
„Молете се без престан.“ (1 Солунјани 5:17)
Со молитва, со читање на Библијата и со послушност кон Неговиот глас.
„Не се сообразувајте со овој век, туку преобразувајте се со обновувањето на умот, за да познаете што е Божјата волја.“ (Римјаните 12:2)
Бог не сака никој да загине, но го почитува нашиот избор. Пеколот е последица на одбивање на Божјата љубов и простување.
„Бог не сака некој да загине, туку сите да дојдат до покајание.“ (2 Петар 3:9)
Со истрајност, молитва, и доверба дека Бог Кој го започнал делото во тебе, ќе го доврши.
„Кој ќе издржи до крај, тој ќе биде спасен.“ (Матеј 24:13)
Не секое движење што го спомнува Исус ја следи вистината на Библијата. Некои групи ги извртуваат основните вистини за Неговата личност и дело. Затоа е важно да ја познаваме вистината преку Писмото, а не само преку човечки учења.
„Љубени, не верувајте му на секој дух, туку испитувајте ги духовите дали се од Бога, зашто многу лажни пророци излегоа во светот.“ (1 Јованово 4:1)
И ако користат христијански зборови, но нивното учење се разликува од вистинското Евангелие.
Мормоните (Црква на Исус Христос на светиите од подоцнежните денови) додаваат нови книги (како „Книга на Мормон“) и веруваат во повеќе „богови“, што не е во согласност со Библијата.
Вистинската вера се темели само на Библијата и на Исус Христос како единствен Господ и Спасител.
„Но, ако и ние или ангел од небото ви проповеда евангелие различно од она што ви го проповедавме, да биде анатема!“ (Галатјаните 1:8)
И ако користат христијански зборови, но нивното учење се разликува од вистинското Евангелие.
Јеховините сведоци го негираат Божеството на Исус Христос и учат дека Тој е создадено битие, а не вечен Бог.
Вистинската вера се темели само на Библијата и на Исус Христос како единствен Господ и Спасител.
„Но, ако и ние или ангел од небото ви проповеда евангелие различно од она што ви го проповедавме, да биде анатема!“ (Галатјаните 1:8)