Да го донесеме Евангелието до секој дом

во Македонија, преку личен контакт, христијанска литература и охрабрување за вклучување во локалната црква.

Секој дом во Македонија да ја слушне пораката

за Христос и секој човек да има можност да најде духовен дом и заедништво во црквата.

Секој дом да биде допрен од Евангелието

Секое срце да ја чуе вистината, и секое семејство да има шанса да ја запознае Божјата љубов.

Мисија

„Да го донесеме Евангелието до секој дом во Македонија, преку личен контакт, христијанска литература и охрабрување за вклучување во локалната црква.“

Визија

„Секој дом во Македонија да ја слушне пораката на Христос и секој човек да има можност да најде духовен дом и заедништво во црквата.“

За нас

Евангелие за секој дом

„Евангелие за секој дом“ е здружение на граѓани кое започна со своето делување во Македонија во 1995 година под името „Љубители на Христијанското Евангелие во Република Македонија“. Ние сме организација која со љубов ја споделува пораката на надеж, мир и вера во Бога низ цела Македонија.

Нашата мисија е секое семејство, во секое населено место – од најмалото село до најголемиот град – да има можност да ја слушне Радосната вест за живот исполнет со смисла и надеж преку Исус Христос.
Тоа го правиме со делење кратки брошури и литература, кои поттикнуваат на размислување, охрабрување и духовен раст.

Бесплатна литература

Преку нашата веб страна – изберете и  нарачајте онлајн книги, детска литература или брошури сосема бесплатно.

Ја носиме Христовата љубов до секого, насекаде

Обезбедување материјали

Со љубов и посветеност обезбедуваме христијански материјали за црквите и верниците, за секој дом во Македонија да ја чуе Радосната вест. Веруваме дека Евангелието треба да биде достапно за сите – бесплатно, јасно и близу до секој човек.

Мобилизирање

Ги охрабруваме и поттикнуваме верниците да го живеат и споделуваат Евангелието – со збор, со љубов и со дело. Нашата цел е секој верник да стане активен сведок на Христовата надеж во своето опкружување.

Стратешки кампањи

Организираме и поддржуваме национални и локални проекти со јасна визија и стратегија – како Божиќни и Велигденски проекти, улични евангелизации и летни кампови – преку кои илјадници луѓе слушаат за Христос.

Досегнување

Посветено ги досегнуваме недостигнатите градови, села и духовно запоставени региони низ Македонија. Веруваме дека секој човек има право да ја чуе пораката за спасение во Исус Христос – и преземаме лична одговорност тоа да се случи.

Обезбедуваме алатки, материјали и насоки за црквите да ја споделат пораката на спасението на релевантен и привлечен начин.

Our blog

Helpful articles in our awesome blog

„Патот на Христијан“ е долгометражен анимиран филм

Работен според делото на Џон Банјан „Патот на христијанинот“ (Pilgrim’s Progress). Христијан патува од Градот на Пропаста до небесниот Град.

Го носиме Евангелието до секое село

Во селата луѓето сè уште ја чуваат топлината и гостопримството. Отворени се за разговор, сакаат да слушнат и да споделат животни приказни. Токму таму, во едноставноста и блискоста, Евангелието лесно наоѓа плодна почва во срцата на луѓето.

Го носиме Евангелието до секој град

Во градовите животот е побрз, луѓето се зафатени и често затворени во своите мисли и обврски. Но и таму, Бог го допира срцето на секој што бара смисла и надеж. Дури и среде градската врева, Неговата порака на љубов и мир допира до оние што се подготвени да слушнат.